Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски секојдневно обвинува дека земјава ја губи битката со ковид пандемијата. Иако не само во С. Македонија, туку во регионот, Европа, па и цел свет бележат рекорди по број на новозаразени со сојот „омикрон“ на коронавирусот, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ секојдневно се соопштенија и лицитирање бројки се обидуваат политички да поентираат.
Но, што прави Мицкоски како лидер на опозицијата и каков е неговиот придонес во битката со пандемијата?
Кога во земјава има над 20.000 активни случаи со Ковид, кога второто полугодие од учебната година се одложи на две недели поради состојбата со вирусот, кога лекарите и медицинскиот персонал не може да соберат душа од дневно по над 100 прегледи, јавноста е сведок на уште едно поигрување на Мицкоски и со здравјето на граѓаните, и со здравствените работници.
Околу педесетина луѓе на чело со лидерот пејат и се гоштеваат, збиено седнати еден до друг во тесна просторија, која наликува на црква.
Вчера пак неговата партија бараше второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство. Од неговата партија често знаеме да слушнеме и за тоа колку е црна состојбата во земјава, како граѓаните немаат да јадат леб и како ова е најцрниот период во историјата на земјава…