286
Лидерот на опозициската, ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево откако во Собранието беше изгласана доверба на Владата, даде свое мнение на социјалните мрежи.
Имено, тој во својата објава вели дека гласањето на доверба во Собранието не покажува сила и дека на овој начин, Заев купува уште некој ден живот во Владата, која како што вели, е приклучена на апарати за дишење.
„Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа.
Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.
Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, се вели во фејсбук објавата на Мицкоски.