Мицкоски: Треба да се обединиме, подавам рака

од Nikola Popovski
235 прегледи

Не очекував дека од слепите слебеници на заевизмот дека ќе прифатат единство. Како и да е, јас подадов рака и стојам на располагање, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кавадарци.

Според него, власта не сака да застане во одбрана на македонското национално достоинство.

-Да не се криеме. Зошто да криеме 3+2, 5+1, 2-3? Треба народот да знае. Мора да се обединиме, но да ги напуштиме позициите на заевизмот. Можеме да се разликуваме во економските и земјоделските политики, но во националните политики мораме да бидеме сложни. Подавам рака и повикувам да се прифати поднесената Декларација за великанот Гоце Делчев во Собранието, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара Ковачевски да обезбеди заедништво и консензус за надворешните политики.