Мицкоски тврди дека е жртва на црна кампања и лаги: „Проектот за пречистителната станица бил почнат во време на СДСМ“

од Nikola Popovski
218 прегледи

Во политиката има моменти кога се поминува Рубиконот на толеранција, изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со несогласувањата со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и потврди дека партијата и натаму ќе го поддржува концептот „За модерно Скопје“.

Запрашан за обвинувањата од страна на градоначалничката на Град Скопје дека влијаел на проектот пречистителна станица, Мицкоски истакна дека не гледа како би можел да биде инволвиран кога целиот проект бил воден од луѓе кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај тоа Европската инвестициона банка јасно кажува дека проектот е воден според сите правила и процедури.

Тој се пожали дека жртва на на црна кампања и лаги од СДСМ за Град Скопје.

-Во вакви услови на енергетска и финансиска криза да трошите за црна кампања, тоа значи дека некому многу му гори. Проектот за пречистителната станица вреден над 130 милиони евра бил почнат во време на СДСМ. Заемот го потпишала министерката за финансии, Нина Ангеловска во 2019 година, а тендерот го распишал тогашниот дирекор на скопски Водовод, Душко Весковски заедно со тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Ги повикувам истражните органи да го испитаат случајот и да истражат дали има направено некакви злоупотреби, рече Мицкоски во вестите на Тв Сител.