Мицкоски тврди дека нема да поддржи уставни измени: „Немаме предавници меѓу пратениците“

од Nikola Popovski
166 прегледи

Не гледаме логика зошто Владата го однела предлогот во Собранието, затоа што ова е меѓувладина, Владата која носи одлука. Јас силно ве уверувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни промени. Ние нема да го прифатиме во Парламентот. Тие 80 пратеници ги немаат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Силата не е во насилството. Силата е во масовноста. Насилството е само предавство на вистински вредности. Овде нема само членови на ВМРО-ДПМНЕ, има и на СДСМ. Веруваме дека ова што е на маса, не ја осигурува нашата иднина, потенцира Мицкоски.

Мицкоски уверува дека „нема такви предавници“ во овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на Уставот и внесување на Бугарите како дел од преамбулата.

-И спремен сум да гарантирам. Владата е група на кукавици која се плаши сама да донесе одлука, па го префрлува тежиштето на Парламентот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.