Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, остварилe средба со Комесарот на Европската комисија за проширување и добрососедска политика, г-дин Оливер Вархеји.
На средбата претседателот Мицкоски истакнал дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија.
-Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна. На средбата се разговарало за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините, соопштија од најголемата опозициска партија.
Вархеји во текот на денот имаше средби со владиниот троец, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.