Ковачевски не сака да излезе на лидерска средба и да разговараме за предвремени избори. Од СДСМ излегуваат две различни пораки. Тие одбиваат средба, а после тоа викаат дека сум се плашел од него. Јас не се плашам и сакам да се погледнеме во четири очи. Не се плашам да излезам на избори. Тој бега од избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за барањето на средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, не се сменило ништо во овие 100 дена откако Ковачевски стана премиер.
-Дополнително го туркаат во калта. Очекував барем малку мудрост. Што понатаму? Утре ќе разговараме во партијата што после 10-ти мај и крајниот рок што го побарав од Ковачевски за средба. Граѓаните ми го поставуваат прашањето што прави ВМРО. Зборуваме за институционална блокада. Нешто не е во ред во државава. Не сме сите исто. Се плашам дека Македонија ќе има се помалку време. Меѓу другото, можни се протести, вели Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.