Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е конзервативна партија и е против коцкањето

од Берта Китинска
200 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот и Биљал Касами изразија поддршка за Движењето „Антикоцкање” и порачаа дека се залагаат за, како што рекоа, спас од коцкање и игрите на среќа.

За Касами и Мицкоски, коцкањето е порок и не е добредојден во општеството.

– Ваквот начин на живеење на некои луѓе мора да го тргнеме од нашите деца, од луѓе кои имаат изгубено богатство само ради тоа што на секоја улица има казина, истакна Касами.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е конзервативна партија.

-Му препорачувам на секој човек да се одвикне од таков порок што влијае на менталното и физичкото здравје. Ние сме конзервативна партија и ги почитуваме тие вредности. Морам да напоменам дека има политичари кои користат вакви оправдувања, а во позадина имаат силни бизнис интереси, истакна Христијан Мицкоски.