Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски

од Nikola Popovski
309 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес изјави дека партијата „нема да биде дел од циркускиот церемонијал на претседателот Стево Пендаровски“, по повод чествувањето на празникот Илинден, на Мечкин Камен.

„Нема да има делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево. Јас традиционално 2-август го поминувам во Ташмаруништа, кое што се наоѓа во близина на Струга и таму се одвивала жестока битка за време на настаните на Илинденското востание. Што се однесува до новиот начин на чествување, на најголемиот празник за македонскиот народ, можам да кажам дека е класична импровизација“, посочува Мицкоски.

Се воведува нов концепт за одбележување на 2-ри август, со кој се менува децениска традиција- претседателот Стево Пендаровски годинава нема да одржи говор на чествувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен, а за прв пат ќе биде сменето и времето на манифестацијата која ќе биде во 18 часот, па наместо попладневни говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови.

Слични содржини