Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во гостувањето во шоуто „1 на 1“ најпрво откри дека веднаш по будењето, има ритуал кој се состои од пиење кафе и одговарање на пораките кои стигнале во текот на ноќта, а веднаш потоа се искачува на врвот на Водно.
Кога не оди на Водно, тогаш редовно посетува теретана, а од редовни физички активности го издвојува и професионалниот ангажман, како што и самиот вели: „На факултет, оној досасниот…“
Откако е во фокусот на јавноста, Мицкоски открива дека тоа го променило неговиот живот, дека постојано се зборува за политика, но и дека постариот син воопшто не сака да се фотографира, додека помладиот со тоа нема проблем.
Меѓу другото, тој признава дека не оди на родителски, но и кога е во контакт со родителите на соучениците на децата, често се отвораат политички теми.
„Кога одат децата на екскурзија треба да се зборува за екскурзија, на слава за нас, а за политика има време за дебатни емисии“, вели тој.
Околу изјавата дека има работено како хигиеничар, ја објаснува со своето прво работно искуство откако дипломирал. Откако го примиле на работа, како инженер со висок просек, шефот на првиот работен ден му подал метла за да го измете дворот, а потоа и ги потчистувал возилата. На второто работно место, на првиот ден теренска работа, му дале метла и правосмукалка, за да се собира прашината од монтирањето на климатските уреди.
Во однос на асистентските денови на Машинскиот факултет, открива дека уште на првиот час, кога решавал задача на таблата, пред полн анфитеатар со стуенти, решението кое го добил било различно од она во збирката. Целиот во паника, побарал помош од професорот кој е автор на книгата, кој пак, за среќа, му кажал дека се работи за печатна грешка во збирката со задачи.
Омилена музика на лидерот на опозицијата му е рокот, особено рок од 80-тите и екс-ју сцената. Открива и дека понекогаш „заглавувале“ на журки, иако тоа било во недела, а наредниот ден бил во училиште.
Околу поделбата на семејните обврски со сопругата Рози, тој вели дека таа е современа жена која никогаш не го занемарува семејството, притоа побара аплауз од публиката за неа и јавно ѝ се заблагодари за нејзиниот придонес во нивниот заеднички живот.
Постариот син Јован, вели, често се вознемирува поради написите на социјалните мрежи и на Мицкоски тоа му објаснува зошто тој не би сакал да се занимава во иднина со политика.
Целосната емисија погледнете ја во продолжение: