Во објава на својот фејсбук профил, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го објави дописот до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, во кој забележано е пречкртување на придавката „Северна“ во поглед на уставното име на државата.
„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.
На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, стои во објавата на Мицкоски.
Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот…
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 09 февруари 2021