Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Ранковце, каде што кажа дека се поголем број на граѓани се приклучуваат со помислата дека токму 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ги казни политичарите како Заев и Пендаровски кои го манипулираа, навредуваат и понижуваат народот во Република Македонија.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев си поигруваат со маката и трудот на земјоделците бидејќи само неколку дена пред избори им ги исплатиле субвенциите на земјоделците, потсетувајќи дека тоа е обврска на државата а не добра волја на СДСМ и Заев.
„Земјоделието е опустошено,земјоделците со месеци ги чекаат парите за субвенции кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго. Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања кои пред да дојдат на власт им ги даваа н овие луѓе, затоа што не се чесни“, вели Мицкоски.
На крај Мицкоски порача масовна поддршка на 21 април и на 5 мај за кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова потенцирајќи дека само со нејзината победа е возможно враќање на правдата во Македонија.