Во сабота ќе имаме голем, сенароден протест. Врз основа на информациите што ги добивам од терен и впечатоците како повратна информација од граѓаните, чувствувам дека ќе биде еден од најголемите протести кои што некогаш се случиле. Секој протест го сметам за успешен, но ќе има многу десетици наши сограѓани. Не сум вклучен околу оперативната организација, но мислам дека потребите на граѓаните од внатрешноста на земјата ќе бидат задоволени преку транспортот и превозот кои што партијата ги организира, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, давајќи повеќе информации околу протестот на партијата што ќе се одржи на 18-ти јуни во Скопје.
Мицкоски информира дека нема да присуствуваат гости од странство на протестот.
-Не е замислено сценариото на тој начин. Ќе имаме сценарио прилагодена на актуелната состојба на државата. Ќе има интонирање на химната и можеби уште два чина што ќе се случат. Ќе говорам јас, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Премногу ни е од сите овие порази и тоа што Македонија губи. Премногу е тоа што луѓето во немоќ заминуваат. Премногу е што во овие 5 години изгубивме многу и што можеби ќе треба двојно повеќе да работиме од најдобрите денови за да дојдеме во состојба кога бевме држава пример на Балканот и за Европа, кога бевме рекордери по бројот на страснки инвестиции, додаде Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.