Мицкоски за Дардишта: Не сакам да коментирам нешто што не враќа назад во минатото

од Берта Китинска
469 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Тема на денот на Сител на прашање за денешнарта изјава на Шкодране Дардишта одговори дека таквите закани со згрозување ги чита и ги заборава.

-Таков тип на закани не би сакал да ги коментирам освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам. Посебно не би сакал нејзе да ја коментирам бидејќи е сепак дама и како човек што ги почитува дамите нема да навлезам во било каква дебата со нејзе, но како човек кај мене таквиот тип на закани ствараат контраефект односно таква акција ствара сериозна реакција,, не би сакал да коментирам нешто што не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото, рече Мицкоски.