Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со барање на Оливер Андонов и други членови на партијата, за негова смена.
-Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е се појако, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во Парламентот. За него немам што да го губам вашето време да го коментирам, рече Мицкоски.