Вчера беше актуелно тоа со „Плацевите на Водно“. ВМРО-ДПМНЕ не е поврзана со судскиот случај. Жалам и сум згрозен ако е точно тоа што се произнесе во судницата, но жалам што не е тука за да го чуеме неговото мислење, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи за поранешниот премиер Никола Груевски.
Тој уште еднаш повтори дека немал средба ниту разговор со екс-премиерот во последните 5 години.
-Немам потреба своето време да го губам за да се амнестира, ниту другите членови на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е реформирано и излеговме од матрицата. ВМРО е структура во која се почитуваат вредностите и луѓето. Ако вие во политиката се занимавате со математички операции, немате успех.
На прашањето дека го нарекуваат „слугата на Груевски“, Мицкоски вели дека тоа го навредува.
-Ваков сум бил, таков сум бил, потрчко. Мојата политичка кариера е напаѓана од структури што не сакаат чесност, макотрпна работа и да ме тргнат. Јас сум единствениот политичар кој нема обезбедување, иако на дневна основа имам закани и јас и моето семејство. Тоа не ме обесхрабрува, информира лидерот на најголемата опозициска партија.