Со Јакимовски од поодамна не сум во комуникација, уште од пред Нова година, ги отфрлувам навредите и обвинувањата и доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.
-Што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор. Бидејќи како што го слушнав во изјавата тој вели дека некој му вршел тортура, изживување и не знам уште што се не кажа, а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера, нагласил Мицкоски како одговор на новинарско прашање.
Претходно Јакимовски информираше дека ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
-За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам, кажа градоначалникот на Карпош.
Тој спомена дека се соочувал со навреди, омаловажување по 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидат поддржани.