Мицкоски за „Криминалните парцели“: Навикнат сум на лаги, повторно ќе ми се извинуваат

од Nikola Popovski
231 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е навикнат околу него да се конструираат лаги и измислици, како одговор на прашањето како го коментира апсењето на негови блиски соработници во случајот „Криминалци парцели“ во делчевско.

-Четири и пол години сум претседател на партијата и најчесто тие што ги конструираат завршуваат со судски пресуди и тие треба да се извинат. Така беше во минатото, ќе биде понатаму. Знаат дека ќе одговараат за криминалот, па затоа сега лажат. Тоа мене ме мотивира за да работам уште повеќе како досега, чесно и посветено. Сакаат да ја дефокусираат јавноста. Да бидам прецизен, верувам во презумција на невиност, но секој што се огрешил треба да одговара пред судот, родена сестра или брат ако се треба да одговараат. Заврши времето кога се поигруваше со законот, изјави Мицкоски при посета на градежни активности во Гази Баба.

-Повторно ќе се најдеме на суд и повторно ќе треба да се извинат, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.