Мицкоски за промена на Уставот: И Пендаровски конечно го констатира тоа што јас го најавив

од Берта Китинска
137 прегледи

За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

„Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а ова е токму тоа договорот кој што го има Република Македонија потпишано со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение, туку напротив ќе претставува проблем што потоа низ годините се виде дека е проблем“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека треба да се локализира изворот на проблемот.

„И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.