Случајот треба работата да се политизира. Треба едноставно министерството да одговори зошто криеше и зошто молчеше и зошто институциите кои се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан не го расветлуват, туку гледаме дека континуирано се обидуваат под тепих да ја стават работата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во врска со убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.
-Требаше едноставно за да не се случува ова расфрлање на пердуви да излезат надлежните и да кажат кој е сторител, сторителите се пронајдени сторителите се лишени од слобода и ќе одговараат за овој грозоморен чин. Тоа е она што требаше да се случи, но зошто некој го сокрива сето тоа треба да одговорат тие кои го кријат сторителот на ова убиство, потенцираше Мицкоски.