Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил обвини дека некои од власта лажат повремено, а Заев постојано.
Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.
Епилогот по година дена е:
– долг од плус 2 милијарди евра.
– секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра
– за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%
– за 4.7% намален бројот на работници во индустријата
– до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект.
Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални:
– инвестициите на Google и Facebook,
– колку 5те инвестиции кои ги најави за септември,
– колку решенијата за Еурокомпозит и Колска,
– колку 700 км автопатишта,
– колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла,
– колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов…
Значи ништо од ова!Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано“, напиша Мицкоски.