Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва информира бил примен во болница и дека имал лесна хируршка интервенција.
– Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично, објави тој на Фејсбук.
Мицкоски упати огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите.
-Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!, стои во објавата на претседателот на најголемата опозициска партија.