Мицковски: Политичарите не треба да ги заведуваат граѓаните, туку да ги водат приципиелно, чесно и искрено

од desk4
116 прегледи

  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред   присутните граѓани претседателот Мицкоски порача дека Република Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени туку водени од политичарите и тоа по траекторија која ќе биде исклучително темелена на принципиелност, чесност и искреност, односно како што нагласи тој овие три збора се многу значајни бидејќи се карактерна особина на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните на Република Македонија.

Нас не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните, вели тој.

Мицкоски упати силна порака и им порача на граѓаните дека сето ова ќе заврши многу брзо и дека ВМРО ДПМНЕ е тука да ги штити националните интереси.

Слични содржини