


Мицковски рече дека Вељаноски, Ристовски и Јанакиески не се виновни и обвини дека СДСМ свесни дека народот не ги поддржува, сакаат да внесат страв и да ги деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.
– Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме. ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Македонија, рече Мицковски.
Му порача на премиерот и лидер на СДСМ дека ќе го порази на претседателските избори и оти веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.
– Нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика, рече Мицковски.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.