Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име

од desk4
298 прегледи

 

  ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име, истакна лидерот на партијата Христијан Мицковски на вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија.
– Од ова појасен став нема. Историјата ќе суди кој бил во право. Ова е историски период за сите нас, крстосница на која се наоѓаме во нашето битисување и во нашата историја, се решава прашањето за името. Многумина го очекуваат нашиот став за овој проблем и јас овде пред вас немам друга опција освен да  бидам искрен и отворен, рече Мицковски.
Тој обвини дека разговорите за името се водат тајно и нетранспарентно, а информациите за нивниот тек најчесто доаѓаат од грчките медиуми.
– Некој кој е власт во земјата си игра до достоинството и го распродава евтино иако е бесценето. Заев кажуваше дека нема промена на Уставот и дека ќе го заштитат идентитетот. Како поминува времето, сега вели дека промената на Уставот не е промена на идентитетот.
Се договора промена на името и сите ќе не именуваат со  новото име. Ќе се направи непоравлива штета за која ќе нема назад, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Скопје.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што кажа СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев ги изгубија изборите.

– Да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

Побара промена на политичкото однесување кое, според него, е драстично опаднато и се наметнати лажни стандарди и вредности.

– НАТО и ЕУ се вечен стремеж на нас и нашата генерација, одлична можност за државата и граѓаните, но промените во државата мора да почнат од нас самите. Мора да веруваме во себе и да веруваме во сопствените квалитети, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија рече дека на Македонија и треба и реформиран, одговорен и квалитетен СДСМ каде, како што кажа, има многу луѓе кои не се согласуваат со ова што се случува, каде има квалитетни луѓе кои можат да придонесат за доброто на Македонија.

– Но за да дојде и тоа, прво мора да се порази Зоран Заев, рече Мицкоски.