Мицотакис: Очекуваме да бидат свикани конференциите со Северна Македонија и Албанија

од Берта Китинска
251 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков изјавиl дека очекува наскоро да бидат свикани првите меѓувладини конференции на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија.

Мицотакис ја истакнал и важноста на земјите од Западен Балкан, особено со фокус на Република Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат и изразил надеж дека односите меѓу Европската унија и Турција ќе се вратат во нормала.

„Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Северна Македонија и Албанија“, нагласи Мицотакис.

Слични содржини