Мицотакис: Потребен е строг локдаун во Атина

од Nikola Popovski

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да ја процени епидемиолошката состојба во таа земја и најави можност за повторно заклучување на граѓаните.

„Мојата препорака до комисијата е да се оди на строг „локдаун“, веројатно како минатиот март“, рече министерот за здравство Василис Кикилас, зборувајќи на ТВ Опен и потенцирајќи дека оваа мерка е особено важна за да се примени во Атина.

Кикилас изјавил дека анализите што ги добиваат од надлежните комисии и епидемиолозите се загрижувачки и дека, судејќи според нив, Грција влегува во третиот бран на пандемија на вирусот.

Тој додава дека 71% од болничките капацитети се исполнети во поширокиот регион на главниот град.

Кикилас потенцирал дека е забележано зголемување за 11% од случаите кај деца под девет години.

Помеѓу 24 и 30 јануари, во Грција биле регистрирани 6.676 нови случаи, од кои 435 биле деца на возраст под девет години.

Мицотакис закажа средба денес со министерот за здравство, заменик министерот за цивилна заштита, епидемиологот кој е шеф на надлежната комисија и претседател на Националната организација за јавно здравје, со цел да се процени епидемиолошката состојба во таа земја.

Инаку, Грција е во карантин од 7 ноември минатата година, воведен е полициски час шест дена подоцна, додека ублажувањето на мерките започна во средината на јануари.

Слични содржини