Миу Миу ги испрати моделите на плажа и нè подготвува за лето 2017

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Додека ние се бориме студот и ниските температури, модната индустрија ни дава сè повеќе добри идеи за тоа како да изгледаме добро … на плажа.

Рекламните кампањи за пролет-лето 2017 ни доставуваат детални предлози на големите модни куќи, а ние денес се фокусираме врз новиот проект на Miu Miu.

Инспирирани од темата за пливањето во својата нова колекција, од модната куќа претставуваат вистински тим од супермодели – Карен Елсон, Каролин Марфи и Лара Стоун.

Главна ѕвезда во проектот е актерката Ел Фанинг.

Професионалната леќа на Аласдер Маклелан  го доловува ѕвезденото друштво за време на плажа, а кадрите комбинирани и со подводни фотографии.

Ретро инспирацијата во силуетата претставува микс од костими во светли бои и палта во принтови кои го добиваат својот завршен изглед со комбинација на сандали во цветни апликации.

Свежите и сончеви кадри можете да ги разгледате подетално во нашата галерија.