Во наравот на еврејството е да паметиме и да го чуваме нашето минато и историја. Честопати не сум сакала да зборувам за Холокаустот, бидејќи луѓето ги поистоветуваат Евреите со Холокаустот. Ова наликува на амбиент на кршење на историски факти. Ваквиот акт е недозволен и предизвикува провокација. Како Еврејка сум трогната од ваквиот назив. Основачите го знаат историското минато на цар Борис Трети, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, за денешното отворање на бугарскиот клуб со контроверзно име во Охрид.
Мизрахи, која и самата е претставник на еврејската заедница во земјава, потенцира дека царот Борис Трети говорел дека „Евреите биле најголемо зло“.
-„Евреите се најголемо европско и национално зло, тие се народ без вера и морал“. Имаме и цитати каде вели дека еврејството создава омраза, безверие, неморал и дека било виновно за сите војни и катаклизми. Тој фашистички наратив бил присутен кај Борис Трети, информира Мизрахи во вестите на Тв Сител.
Според неа, ова провоцира и прашува зошто не биле одбрани други имиња за назив на клубот.
-Ова може да се реши на друг начин. Бугарија има мислители, дејци. Во Израел нема таков споменик по име на царот Борис Трети, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.