Мизрахи: Има над 50 скандали за време на министерувањето на Спасовски за кои нема разрешница и одговорност

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

На граѓаните им е јасно дека овие 7 години денот започнуваше со скандал и до вечерта имаше уште скандали. Психологија на затскривање на скандал со нов скандал, со очекување дека граѓаните ќе ги заборават. Тоа беше наметнато од ароганција без усул од страна на власта и сега веќе во техничката влада кога има технички министри кои можат да ги извадат работите, се наоѓаат во тесно, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Таа истакна дека по прашање на функционирањето на Оливер Спасовски има над 50 скандали за кои може да говориме, а во скандалите почнувајќи уште како технички министер главниот дефект кој го прави Спасовски на самата институција МВР е прераспределување на кадрите.

„Во периодот на неговото владение уште како технички министер тој направи политизација во МВР. Обичен кадар го прераспределува каде ќе му текне за да намести политички кадри. Ајде да зборуваме дали се сеќавате на човекот од обезбедување на Зоран Заев чиј татко беше одеднаш 5 скалила покачен во позицијата во МВР односно началник во Струмица.

Го имаме и бројот на прераспределувања, во 2016 има 2177, во 2017 се 2218, во 2018 од технички причини самото министерство не дава број, во 2019 се 3522, секаде се од 3.000 до 3.500, а само 2022 се скоро 4.000, што значи дека е наметнат тотален хаос во МВР и буквално уништување на квалитетниот кадар“, истакна Мизрахи.

Додаде дека за време на министерувањето на Оливер Спасовски се случиле огромни скандали, од кражби, убиства, милионски тендери до пасоши на светски криминалци за кои немаше разврска, а ниту одговорност.

„Како дел од скандалите се убиството на Мартин Јанушев кое никогаш немаше разврска, понатаму полициски службеник кој беше нападнат од возило на пајак служба, па двојно убиство на Рузвелтова, автобуската несреќа Дурмо турс, сообраќајка со обезбедување на Спасовски, 20 милионски тендери за набавка на патни исправи, набавка на возила на МВР поврзано со братучедот на Спасовски, фотографии на Спасовски со нарко босови и криминалци, фијаско на Спасовски во акцијата Планина, аферата Мафија издавање на пасоши на криминалци една од најфамозните лица барани од Интерпол добиле македонски пасош, командир од Прилеп уапсен со дрога, немање одговорност на Спасовски за Беса транс, исчезнато оружје од депо на МВР, кражба на масло од канабис, партиски вработувања на екс градоначалници, рекорди по бегства од затвори, први сме во Европа по бегства од затвор“, наведе Мизрахи.

Слични содржини