Претседателката на Анкетната комисија за случувањата во Онкологија, Рашела Мизрахи информира дека бараат политичка одговорност, а како што вели, денеска се утврдиле заклучоци за поведување постапка за утврдување на одговнорност кај носителите на јавните функции. Верува дека ова ќе биде првата Анкетна комисија која ќе ја заврши задачата, утврдена со одлуката.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за случајот треба да се информираат од актуелниот и поранешните министри за здравство. Според неа, одредени министри ќе имаат состанок со неа во Собранието.
-Очекувам дека веќе во понеделник попладне или вторник во текот на денот ќе има закажана седница на Комисијата, додаде Мизрахи, нагласувајќи дека сите заменици и членови на Комисијата се согласиле да работат секој ден вклучувајќи и викенди, доколку темпото тоа го побарува.
-Во процедурата на носење сведоци во Собранието, има процедура, треба да се пратат покани и утврдување од нивна страна. Се работи за луѓе и ќе направам се за да бидете известени и да има простор да бидат присутни на првата закажана седница, рече пратеничката околу тоа дека ќе ги покани и поранешните министри за здравство Беким Сали и Венко Филипче.