Меѓународниот кривичен суд (МКС) денес изрази жалење поради одлуката на администрацијата на Соединетите Американски Држави да воведе нови санкции врз судијата Гочи Лордкипаниѕе од Грузија и судијата Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, наведувајќи дека ова е сериозен напад врз независноста на оваа меѓународна судска институција и дека го загрозува системот на Римскиот статут.
Во соопштението на официјалната веб-страница на МКС се наведува дека санкциите претставуваат флагрантен напад врз независноста на непристрасна судска институција која работи врз основа на мандатот на државите-членки на Римскиот статут.
„Мерките насочени против судиите и обвинителите избрани од земјите-членки го поткопуваат владеењето на правото. Кога судските актери се изложени на закани за примената на законот, самиот меѓународен правен поредок е загрозен“, се вели во соопштението.