Млад полицаец вон должност се застрелал со службениот пиштол

од desk2
37 прегледи

МВР извести за случај на млад полицаец кој се ранил со службениот пиштол додека не бил на должност.

Станува збор за Д.Д.(22) од Виница, кој бил сместен во апартман во охридска населба и не бил работно ангажиран, а се повредил при ракување со службено оружје-пиштол.

Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде била констатирана прострелна рана во левата рака. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Слични содржини