Млад возач избодел прилепчанец, па се обидел да избега од државата

Полицијата го уапсила по 3 часа на граничниот премин Табановце и го вратила во Прилеп

од Nikola Popovski
56 прегледи

Вчера утрината на преминот Табановце полицијата го уапсила 19-годишниот М.М. од Прилеп кој сакал да избега од државата за да не добие казна.

Полицијата соопшти дека тој учествувал во сообраќајна несреќа која се случила во 6.45 часот по која настанала расправија меѓу него и се скарал со М.Џ.(43) исто така од Прилеп.

М.М. во расправијата го прободел со нож М.Џ. и потоа побегнал. Полицијата го уапсила по 3 часа на граничниот премин Табановце и го вратила во Прилеп.