Млад возач усмртил 22-годишна девојка на „Партизанска“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Тешка несреќа се случила синоќа пред полноќ откако 22-годишна девојка била прегазена од возило на булеварот „Партизански одреди“. Сообраќајката со смртни последици се случила во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К.(22) од Скопје.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Возачот В.Ј. бил уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Јавниот обвинител информира дека возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Слични содржини