Млада девојка со автомобил прегази жена

од Nikola Popovski
147 прегледи

На 01.03.2023 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Баница“ во Битола, патничко возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(21) од Битола, удрила во А.Д.(46) од Битола, информира МВР.

Во несреќата, А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидната екипа од СВР Битола.

Слични содржини