51
На 14.07.2024 во 20.13 часот во Полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие „Водостопанство“ било пријавено дека на подножјето на браната „Градче“ било пронајдено тело на починато женско лице.
– Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по извршениот увид и извршеното препознавање од родителите било утврдено дека станува збор за Н.Ј.(26) од Кочани. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од МВР.