Млада ѕвезда на Барса го спореди Чави со Гвардиола и Енрике

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Чави е едвај десет дена со тимот на Барселона, но неговото влијание веќе се чувствува, вели 20-годишниот стопер Ерик Гарсија, кој го спореди новиот шеф со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

„Тој е вистинскиот човек за Барселона во моментов. Во него гледам нешто од Пеп, но и Луис Енрике. Тој е клупска легенда и многу добар тренер. Неговиот менталитет поминува кај играчите и развива карактер, што е многу важно“, изјави младиот дефанзивец во интервју за „Спорт“.

Гарсија има само 20 години, но веќе ја искуси работата со секој од овие тројца шпански тренери. Изминатите четири години ги помина во Манчестер Сити, а летото се врати во клубот во кој израсна. Кај Енрике од минатата година веќе собра 14 настапи за А репрезентацијата.

Што се однесува до поранешниот тренер Роналд Куман, Гарсија за него зборуваше исклучиво позитивно.

„Тој ми помогна многу и можам само да му се заблагодарам за тоа“, изјави дефанзивецот кој со Холанѓанецот одигра девет првенствени натпревари и три во Лигата на шампионите.

Слични содржини