Младината на ВМРО-ДПМНЕ бара седиштето на СДСМ да стане студентски дом

од Nikola Popovski

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ побара од членовите на Универзитетското студентско собрание заедно да започнат иницијатива – партиското седиште на СДСМ на улицата „Бихаќка“ да биде претворен во студентски дом.

-ВМРО ДПМНЕ после следните предвремени парламентарни избори се обврзува дека ќе ги подобри условите во студентските домови, мензите и храната во нив, квалитетот на образованието кое ќе го добиваат студентите и можностите по завршувањето на образованието, ќе се зголемат стипендиите, ќе се стимулираат студентите преку повеќе мерки. Интересен е фактот дека штабот на СДСМ, познатата Бихачка е поранешна зграда на МОН, па ве повикуваме да почнеме иницијатива за трансформација на овој „простор“ во студентски дом. И за крај ВМРО ДПМНЕ не е штабот, ние сме постојано во комуникација со студентите по улиците, по дискотеките, кафулињата, парковите, читалните, стои во соопштението од младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно студентите од Универзитетското студентско собрание побараа конфискуваниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ да биде претворен во нов студентски дом.

Слични содржини