Младински репрезентативец добил удар со колено во главата – клинички е мртов!

од Nikola Popovski
40 прегледи

Гуо Хиаксуан, 18-годишен кинески фудбалер доживеа трагедија која засекогаш му го промени животот. Младиот кинески репрезентативец го носи дресот на Пекинг Гуан, а на пријателски натпревар во Шпанија добил удар со колено во главата. Меѓутоа, ситуацијата одеднаш се искомплицирала.

Следела мозочна смрт, што резултирала со неповратен прекин на сите мозочни активности, а семејството објави дека има мали шанси за преживување.

„Има мали шанси за преживување. Гуо доживеа субарахноидално крварење по судир со друг играч за време на пријателски натпревар. Докторот ни кажа дека има многу мала надеж дека ќе преживее, дека е клинички мртов поради недостиг на кислород во мозокот и дека ќе му го извадат апаратот за одржување во живот“, објавил братот на несреќниот фудбалер.

Ова ги погодило сите во шпанскиот нисколигаш Алкобендас против кого играл несреќниот кинески фудбалер.

„Сакаме да ја изразиме нашата најдлабока загриженост за играчот кој доживеа несреќа за време на пријателскиот натпревар против нашиот прв тим. Ја испраќаме сета наша поддршка до него, неговото семејство и тимот во овие тешки моменти. Искрено му посакуваме брзо закрепнување“, соопштија од шпанскиот нисколигаш.

Кинеските медиуми јавуваат дека семејството на Гуо ја обвинило Кинеската фудбалска асоцијација дека не обезбедила медицинско осигурување, ниту ги покрила болничките трошоци додека фудбалерот е во болница.

Фудбалерот своевремено бил член и на Баерн Минхен, во нивните младински категории.

Слични содржини