334
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година одигра 1-1 против Казахстан во квалификацискиот натпревар за ЕП 2021 кој се играше во Скопје.
По победите над Фарските Острови и Црна Гора, составот на Благоја Милевски не успеа да ја забележи и третата победа во групата, па на крајот освои само бод.
Милан Ристовски постигна гол по 20 минути игра за водство на Македонија од 1-0.
Во 75 минута многу среќно дојде Казахстан до реми, кога една топка беше нафрлена во нашиот казнен простор, случајно се удри во коленото на Омиртајев и топката заврши во мрежата на Јанков.
Следниот натпревар Македонија У21 го игра на гостински терен, против фаворитот во групата Шпанија (14 ноември).