309
20-годишниот маж од Пенсилванија, кој се обиде да го убие Доналд Трамп, на својот телефон имал фотографии од поранешниот републикански претседател, американскиот претседател Џозеф Бајден и други американски функционери, вклучително и државниот обвинител Мерик Гарланд и директорот на ФБИ, Крис Вреј, дознава АП, повикувајќи се на два извори поврзани со истрагата.
Инспекторите кои ги пребарувале телефоните на Томас Метју Крукс, исто така, откриле дека убиецот побарал датуми за Демократската национална конвенција, како и настапи на Трамп, изјавија за АП неименувани извори.
ФБИ бараше индиции за тоа што го навело Крукс да отвори оган на предизборен митинг во Пенсилванија во саботата во обид да го убие претседателскиот кандидат.