Младиот Леонид се врати во Скопје, МЗ најавува максимална ангажираност

од Nikola Popovski
122 прегледи

Леонид Индов, вчера доцна попладне, со хеликоптер на МВР е пренесен од Виена до Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Леонид е транспортиран со хеликоптерот во кој се става специфична медицинска опрема, а во леталото било присутно и медицински персонал.

Првиот човек во здравството, Арбен Таравари денеска изјави дека го потпишал неговото враќање и оттаму со одлука на Владата, се било организирано.

-Понатаму ќе видиме каков ќе биде третманот. И како МЗ и како Влада, ќе бидеме максимално ангажирани во вакви случаи, порача министерот.

Индов на почетокот на месец февруари беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи. На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа тогашниот дополнителен заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски и екс-директорот на  Градската Општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов.

Младото момче минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција, при што го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, па дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За него во неколку наврати се собираа донации за да може да се извршат потребните операции во Солун, но и за да го продолжи лекувањето.

Леонид Индов е ученик во математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.

Слични содржини