Објавен е трејлерот за филмот „The Many Saints of Newark“, кој е најавен како преднастанување на популарната ТВ серија „The Sopranos“.
Заплетот на филмот се одвива во 60-тите и 70-тите години од минатиот век и го следи подемот на младиот Тони Сопрано во гангстерските редови. Особено е значајно за настаните во филмот 1967 година, кога имаше немири во Њу Џерси помеѓу членовите на италијанско-американското и афро-американското население.
Премиерата на филмот е закажана за 01.10. оваа година.
Режисер е Алан Тејлор, кој досега најмногу работеше на телевизиски серии.
Иако многу детали за овој проект се чуваат во строга тајност, познато е дека во него ќе се појават неколку ликови од оригиналната серија на HBO. Се шпекулира дека тоа ќе биде таткото на Сопрано – Џовани „Џони Бој“ Сопрано, неговата сопруга Ливија, како и – Корадо „Јуниор“ Сопрано.