Младите бегаат поради корупцијата – неказнивоста мора да заврши, порача американската амбасадорка Агелер

од Nikola Popovski
186 прегледи

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер порача дека борбата против корупцијата е во интерес на сите, но најмногу за младите кои поради корупцијата ја напуштаат државата.

-Ги видовме иницијативите на ДКСК за отворање кривични предмети против јавни функционери за коруптивни дела. Слушаме што се случува зад сцената за да  се манипулираат назначувањата на клучни позиции. Читаме за профитабилни тендери кои одат кај фирми со политички или лични врски. Затоа, да се обврземе сега – јавноста, политичарите, владините службеници – да ја идентификуваме и да бараме одговорност за корупцијата и да бараме одговорност од корумпираните актери. Неказнивоста мора да заврши, изјавила меѓу другото американската амбасадорка на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Амбасадорката потенцирала дека борбата против корупцијата ќе ја направи приоритет број еден на американската амбасада во Скопје, но треба да се борат и луѓето овде.

-Но, она што е исто така точно и најважно е дека вие – луѓето на оваа земја – мора да ја водите таа борба. Соединетите Држави ќе бидат тука да ги поддржат сите напори, но ова мора да биде ваш избор. И јас сум убеден дека, заедно, можеме да направиме суштински промени за да се справиме со ракот на корупцијата, додала Агелер.