Младите не ни заминуваат поради плата, туку поради подобар живот, вели Исени

од Берта Китинска
338 прегледи

Извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека младите не заминуваат поради платата, туку поради подобриот живот.

Тој вели дека по сите параметри (макроекономски и демографски) се гледа дека нашата држава е нерамномерно развиена во секој аспект.

„Паралелно мора да се работи во еконосмки план и тоа што се вика правна држава и функционирање на институциите. Тука нема правна сигурност и затоа младите ни заминуваат“, посочи Исени.

Слични содржини