Младите од регионот стојат позади ставот ‘Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот’. Со овој став на младите ќе ја започнат меѓународната конференција „ОБЈЕКТИВОТ НА МЛАДИТЕ ЗА МИР И ПОМИРУВАЊЕ” што ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември 2022 година во Охрид, Северна Македонија.
Конференцијата е клучен настан на проектот „Резилиентен мир – глас за младите” чија цел е да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт. Младински сојуз – Крушево, заедно со своите партнери, а со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија се залага за социјално кохезивни општества насочено кон младите и градење резилинтност кон идни конфликти во регионот и Европа.
На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово). На конференциската сесија закажана за 14-ти Ноември (Понеделник) од 10.30 до 12.00 часот воведно обраќање ќе има амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер.