Младо момче од Кондово вперил пластичен пиштол во полицаец и се заканувал дека ќе го убие

од Берта Китинска
306 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривични дела – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 18 мај, обвинетиот 18-годишник, на влезот на селото Кондово, за време на полицискиот час, ги нападнал и сериозно им се заканувал на полициските службеници кои се наоѓале на полицискиот пункт. Додека еден од полицајците стоел покрај службеното возио, обвинетиот му пришол од зад грб и со левата рака му направил полуга на вратот, а со десната на слепоочницата му вперил пластичен пиштол кој наликувал на вистинско оружје. Потоа, на другиот полициски службеник му се заканил да не мрда затоа што ќе пука во неговиот колега.

На ова, вториот полициски службеник излегол од службеното возило и службениот пиштол го вперил кон обвинетиот, наредувајќи му да го пушти неговиот колега. Бидејќи обвинетиот не постапил по наредбата, туку започнал да се движи наназад, полицискиот службеник испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Во тој момент обвинетиот го пуштил нападнатиот полицаец. Полициските службеници успеале да му го одземат пластичниот пиштол, но при обид да го совладаат, обвинетиот продолжил да дава активен отпор, удирајќи ги со боксови, при што им нанел телесни повреди – контузии и гребаници​.

Слични содржини