Младо момче загина во сообраќајка во Аеродром, повредени се уште две лица

од Берта Китинска
361 прегледи

Едно лице загина, а две се повредени во вчерашната сообраќајка што се случи во скопската населба Аеродром.

Несреќата се случила околу 22 часот на крстосница на бул. „Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет.

Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.

„На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”, информира МВР.

Фото: Принтскрин

Слични содржини