Пелагониските млекопроизводители се жалат дека откупната цена на млекото е ниска дека имаат големи трошоци, дека не остваруваат доволно заработувачка за да може да инвестираат во проширување на фармите и овој бизнис од којшто ја обезбедуваат својата егистенција, пренесува 24Вести.

– Значи една голема фарма добро уредена, значи со молзилиште, со помалку вработени, со поголема механизација, тогаш би се исплатило повеќе. Меѓутоа додека стигнеме дотаму, ќе биде потешко, вели Горан Глушески, сточар од кривогаштанското село Пашино Рувци.
Забелешките на експертите потенцираат од Општина Кривогаштани ќе бидат пренесени во ресорното министерството, со цел да се организираат неопходни едукативни предавања за фармерите, во правец на подобрување на условите за бизнис во оваа гранка. /извор 24Вести Моника Талеска